На снимките се гледаат поправки на железничката пруга на мостот и на оштетените делови од патот, објасни Максар.
„Може да се видат возила (првенствено автомобили и мали камиони) како патуваат по должината на мостот. Во близина траектот ги превезува камионите преку Керчкиот теснец“, се додава.
На снимките се гледаат и товарни камиони што чекаат на траектниот терминал. „Во близина, неколку стотици товарни камиони (беа) паркирани северозападно од Крим на напуштен аеродром, чекајќи да бидат префрлени во Русија“, вели Максар.
Фото: ЕПА
Фото: ЕПА
Кримскиот мост беше оштетен во саботата. Рускиот претседател Владимир Путин акцијата ја нарече терористичка, а Украина не презеде одговорност. Русија објави детална хронологија на нападот на мостот, додека портпаролот на украинската воена разузнавачка служба Андриј Јусов ја нарече истрагата бесмислица.
Мостот е долг 19 километри, а Путин го отвори во 2018 година.