Русите ги обвинуваат Украинците за злосторства против човештвото, бараат нов меѓународен суд

Лидерот на рускиот истражен одбор рече дека Москва обвинила 92 припадници на украинските вооружени сили за злосторства против човештвото и предложи меѓународен суд поддржан од земји како Боливија, Иран и Сирија.

Фото: ЕПА

Државниот весник Росискаја газета ги пренесе зборовите на Александар Бастрикин, кој обвинува повеќе од 220 лица, меѓу кои и претставници на високата команда на украинските вооружени сили и команданти на воените сили кои, како што тврди, го гранатирале цивилното население.

„Украинците се вклучени во злосторства против мирот и безбедноста на човештвото, кои не застаруваат“, рече Бастрикин, чиј одбор ги истражува најтешките злосторства. Тој додаде дека се обвинети 92 команданти и нивните подредени, а по 96 лица се издадени потерници.

Од почетокот на она што Москва го нарекува „специјална воена операција“ во февруари, руските сили ги бомбардираа украинските градови до урнатини и оставија тела на улиците на градовите и селата што ги окупираа. Украина соопшти дека биле убиени десетици илјади цивили. Москва ја отфрла одговорноста.

Исто така, има извештаи за украинска злоупотреба на руски затвореници, иако повеќето од обвинувањата кои се документирани од Обединетите нации се однесуваат на наводните злосторства извршени од руските окупатори и нивните сојузници.

Бастрикин беше прашан за истрагите на одборот во врска со акциите на украинските безбедносни сили во самопрогласените републики Доњецк и Луганск, сепаратистички територии поддржани од Москва во украинскиот индустријализиран југ, и дали истрагите ќе се водат под надзор на ОН.

Имајќи предвид дека „колективниот Запад отворено ја поддржува Украина“, тој рече дека би било посоодветно да се соработува со руските партнери во Комонвелтот, Организацијата на Договорот за колективна безбедност, групата БРИКС и Шангајската организација за соработка.

Би било целисходно да се вклучат земји со независен став кон Украина, особено Сирија, Иран и Боливија, рече Бастрикин. Тој рече и дека се покренати 1.300 кривични истраги против припадници на украинската војска, политичкото раководство, радикалните националистички здруженија и вооружените формации, при што досега се држат одговорни над 400 лица.

Целите на истрагата вклучува вработени во Министерството за здравство на Украина кои тој ги обвини, без да обезбеди докази, за развој на оружје за масовно уништување, како и државјани на Велика Британија, САД, Канада, Холандија и Грузија.

Осум кривични постапки се отворени и за напади врз руски амбасади или други претставништва во Холандија, Ирска, Литванија, Чешка, Полска, Романија и Франција, рече тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе