ПРЕТСТАВНИК ЗА ЕНЕРГЕТСКА БЕЗБЕДНОСТ НА САД:

Русија заработува повеќе од енергенси

Русија сега може да добива повеќе приходи од фосилни горива отколку непосредно пред инвазијата на Украина бидејќи глобалните зголемувања на цените ги неутрализираат напорите на Западот да ја ограничи продажбата од Русија, изјави вчера американскиот пратеник за енергетска безбедност Амос Хохштајн.

Фото: ЕПА

„Не можам да го негирам тоа“, рече Хохштајн во обраќањето пред поткомитетот за Европа и регионална безбедносна соработка во Сенатот како одговор на прашањето дали Москва сега заработува повеќе од продажбата на сурова нафта и гас отколку неколку месеци пред војната.

САД и Европа се согласија да забранат увоз на руски фосилни горива и воведоа санкции за да ја казнат за инвазијата на Украина. Иако овие потези ја намалија глобалната трговија со руски фосилни горива, тие исто така придонесоа за зголемување на цените на нафтата и гасот.

Хохштајн рече дека глобалната побарувачка за нафта од потрошувачите кои излегуваат од пандемијата ковид-19 е „далеку поголема и посилна отколку што некој предвидуваше“.

Русија исто така може да продава повеќе залихи на енергија на други купувачи, вклучително и големите потрошувачи Кина и Индија, нудејќи им попуст на нафта од други извори.

Хохштајн рече дека иако Русија им продава поевтино на Кина и Индија во споредба со другите земји, порастот на цените на светскиот пазар значат дека нејзините приходи сега се веројатно повисоки.

Индија во мај го зголемила купувањето на нафта двојно повеќе во споредба со претходниот месец и достигнале рекорд од над 840.000 барели дневно и веројатно повторно ќе го зголемат во јуни.

Хохштајн рече дека побарал од властите во Индија да не купуваат премногу руска нафта и им рекол дека САД не можат да им го забранат купувањето на сурова нафта бидејќи не вовеле секундарни санкции за таа продажба.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе