Русија: Западот сака да го преобликува Балканот

Портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова изјави дека Западот се труди да го преформатира Балканот по своите мерила.

EPA-EFE

Москва ги осудува американските и британските санкции против српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик и други функционери на таа земја, изјави Захарова.

„Одлучно ги осудуваме унилатералните персонални ограничувања воведени на членот на Претседателството на БиХ Милорад Додик и бројни функционери на таа држава“, се наведува во соопштението на портпаролката на руската дипломатија. Според неа, таквата пракса на незаконски санкции најмалку може да обезбедат реализација на позитивна агенда, да ја зајакнат довербата, меѓунационалната слога, мирот и стабилноста во Босна и Херцеговина и регионот во целина.

„Очигледно е дека Западот, спроведувајќи таква злонамерна и деструктивна политика, тежнее кон само едно нешто, а тоа е да го преобликува Балканот според сопствените шаблони, нанесувајќи им штета на националните интереси на земјите од регионот, под измислени изговори да ги елиминира сите неистомисленици и оние кои не се сложуваат со западната неоколонијална политика“, оцени Захарова.

Москва, како што кажа, е уверена дека Балканот е територија на рамноправна соработка, а не на конфронтација и сведување сметки. Во врска со тоа, Русија апелира на сите надворешни учесници да се откажат од егоистичните пристапи и да се вратат на конструктивна соработка.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе