Русија за забраната на руски гас во ЕУ: „Ова покажува дека Европската Унија не е во добра форма“

Пристигна првата реакција на Русија на одлуката на ЕУ да ја забрани руската нафта.

Фото: ЕПА

Постојаниот претставник на Русија во меѓународните организации во Виена, Михаил Улјанов, се огласи на Твитер по веста дека ЕУ забранува најголем дел од увозот на руска нафта и по соопштението на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен.

„Како што вчера со право рече Фон дер Лаен, Русија ќе најде други увозници. Важно е да се напомене дека таа сега ѝ противречи на својата вчерашна изјава. Многу брзата промена во начинот на размислување покажува дека ЕУ не е во добра форма“, напиша тој.

Лидерите на ЕУ во понеделникот се согласија да го забранат извозот на руска нафта во блокот од 27 земји.

„Ова веднаш покрива повеќе од две третини од увозот на нафта од Русија, отсекувајќи еден огромен извор на финансирање на нејзината воена машина“, напиша претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел на Твитер. „Максимален притисок врз Русија да ја прекине војната.“

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе