Русија за изјавата на Зеленски: Европа мора да види дали ќе плаќа за неговите хирови

Кремљ денес реагираше на барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски Западот да им го забрани влезот на сите руски граѓани.

EPA-EFE

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа дека тој предлог е нерационален, додавајќи дека Европа ќе мора да одлучи дали сака да плаќа за последиците од „хировите на Зеленски“. Додаде дека нема шанса Русите да бидат изолирани од остатокот на светот.

„Тоа може да се гледа само крајно негативно. Секој обид за изолација на Русија или Русите е процес кој нема перспектива“, кажа Песков.

Зеленски во интервју за Вашингтон пост кажа дека најмоќната санкција против Русија би било затворање на границите.

„Русите грабаат туѓа земја. Нека живеат во својот свет додека не ја променат филозофијата“, кажа украинскиот претседател.

„Кој Русин и да е, нека оди во Русија. Тие ќе кажат: „Ова нема никаква врска во нас. Не можел целото население да се смета за одговорно, зар не?“ Може. Населението ја избра оваа власт, не се борат против неа, не се расправаат со неа, не го креваат гласот“, порача Зеленски.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе