Русија вели дека во случај на хаварија во Запорожје, радиоактивен материјал ќе ги покрие Германија, Полска и Словачка

Руското Министерство за одбрана објави дека нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина може да биде затворена доколку украинските сили продолжат со гранатирање на објектот, што Киев го негира, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Игор Кирилов, шефот на руските Атомско-биолошко-хемиски одбранбени сили, рече дека резервните системи за поддршка на електраната се оштетени како резултат на гранатирањето.

„Во случај на хаварија во електраната, радиоактивен материјал ќе ги покрие Германија, Полска и Словачка“, посочи Кирилов.

Во март, руските сили ја зазедоа нуклеарната централа во Запорожје, бидејќи се наоѓа блиску до линијата на фронтот во последните недели неколку пати беше изложена на гранатирање.

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за нападите врз оваа електрана, инаку најголемата во Европа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе