Русија утре би можела да ѝ го прекине гасот на Финска

Финскиот државен врв е предупреден дека Русија би можела утре да ги прекине испораките на гас за соседната земја, јави финскиот весник Илталехти, повикувајќи се на неименувани извори. Весникот не прецизираше од каде дошло предупредувањето, а Ројтерс не можел да ја провери таа информација.

EPA-EFE

Финскиот претседател Саули Нинисто и премиерката Сана Марин денес кажаа дека Финска ќе поднесе барање за придружување во НАТО „без одложување“, што ја наведе Русија да вети дека ќе одговори. Гасот кој се користи во Финска главно доаѓа од Русија, но на гас отпаѓа едвај околу пет отсто од потрошувачката на енергија во земјата.

Но губењето на главниот извор на гас би значело дека индустриските џинови како Нести и Метсе, како и други компании во шумарството, хемиската и прехранбената индустрија, ќе мора да најдат алтернативни извори на енергија или да го прилагодат производството.

Финската влада на 5 мај објави дека е спремна за можноста источниот сосед да ѝ ја прекине испораката на гас на крајот на мај како одговор на одбивањето на Финска да го плаќа гасот во рубли.

Финска и Балтикот, со директни гасоводни врски со Русија, повеќе зависат од рускиот гас од други европски земји. Ако руското снабдување со гас се намали или прекине, Финска, Естонија, Летонија и Литванија ќе мора да го намалат трошењето.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе