Русија: Условот да ја повлечеме војската од Украина за преговорите е неприфатлив

Русија соопшти дека барањето на Западот целосно да се повлече од Украина како дел од какви било идни преговори за да се стави крај на војната всушност исклучува било какви такви преговори.

Фото: ЕПА

Вчера, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повтори дека претседателот Владимир Путин останува отворен за разговори, но дека барањето на Западот Москва прво да ги повлече своите трупи од Украина е неприфатливо.

Изјавата на Песков дојде додека Путин телефонски разговараше со германскиот канцелар Олаф Шолц во петокот наутро.

Кабинетот на Шолц соопшти дека тој јасно му ставил до знаење на Путин „дека мора да има дипломатско решение што е можно поскоро, кое вклучува повлекување на руските трупи“.

Во четвртокот, американскиот претседател Џо Бајден, исто така, посочи дека ќе биде подготвен да разговара со Путин доколку покаже дека сериозно сака да ја прекине инвазијата и да се повлече од Украина.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе