Русија: Укинете ни ги санкциите и ќе дозволиме извоз на храна од Украина

Висок руски дипломат побара денес укинување на санкциите против Москва како предуслов да се избегне светска прехранбена криза поради блокадата на извозот на украинските житарки.

EPA-EFE

„Решавањето на прехранбениот проблем оди низ колективниот пристап, вклучувајќи пред сè укинување на санкциите воведени на рускиот извоз и финансиските трансакции“, кажа помошникот на министерот за надворешни работи Андреј Руденко.

Истакна дека тоа е предуслов за Русија да овозможи хуманитарен коридор за бродовите со храна кои би тргнале од Украина. Украина е еден од најголемите светски произведувачи и извозници на житарки.

Но конфликтот го наруши украинското земјоделско производство, а Киев и Западот ја обвинуваат Русија дека го спречува извозот преку црноморските пристаништа и така предизвикува глобална прехранбена криза.

Пристапот на Киев до Црно Море е блокиран откако почна руската инвазија на Украина на 24 февруари, а над 20 милиони тони житарки се складирани во силосите во земјата. Воспоставувањето коридор „вклучува и Украина да ги разминира сите пристаништа каде што се вкотвени бродови“, додаде Руденко.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен кажа вчера дека Русија го користи снабдувањето со храна како оружје со глобални последици.

Во најновиот извештај на британското министерство за одбрана се вели дека руската блокада на клучните пристаништа на Црно Море значи дека и понатаму не можат да се извезат поголеми количества житарки, што може да доведе до дополнителен пораст на цените на храната.

Во Одеса, на пример, нема позначајна трговска поморска активност од почетокот на руската инвазија. Украинските обиди за извоз по копнен пат не можат да го заменат загубениот поморски капацитет, се наведува во извештајот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе