Русија решително одбива демилитаризација околу нуклеарната централа Запорожје

Руското министерство за надворешни работи го отфрли предлогот на генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш за демилитаризација на областа околу нуклеарната централа Запорожје во Украина.

EPA-EFE

Портпаролот на руското министерство Иван Нечаев предлогот на Гутереш го нарече неприфатлив, тврдејќи дека демилитаризацијата би ја направила нуклеарната централа „поранлива“.

„Токму тоа е причината зошто предлозите (за демилитаризација) се неприфатливи. Нивната имплементација би ја направиле централата уште поранлива“, кажа Нечаев.

Гутереш претходно месецов ги повика руските сили да се повлечат од комплексот на централата на „безбедно демилитаризирано растојание“. Украина и Русија меѓусебно се обвинуваа за неодамнешното гранатирање на централата, што предизвика стравување од можна нуклеарна хаварија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе