Русија: Присилени сме на воена реакција кон Финска

Русија е приморана да дејствува како одговор на одлуката на Финска да се придружи на западниот воен пакт НАТО, соопшти руското министерство за надворешни работи.

EPA-EFE

„Влегувањето на Финска во НАТО е радикална промена во надворешната политика на земјата“, се наведува во соопштението.

„Русија е присилена да преземе чекори на одмазда, и од воено-техничка, и од друга природа, за да го сопре создавањето закани за нејзината национална безбедност“.

Финска денес објави дека планира да поднесе барање за придружување на воениот сојуз без одложување.

Балтичката земја ја донесе одлуката за која со недели се шпекулираше дека ќе ја донесе. Русија и претходно се закани со распоредување на нуклеарно оружје на Балтикот ако Финска влезе во НАТО.

Шефот на НАТО Јенс Столтенберг кажа дека пристапувањето на Финска во НАТО ќе биде брзо и лесно.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе