Русија предупреди за „кошмарно сценарио“ на можен воен судир во Европа

Европа можеби се враќа во ситуација на воена конфронтација, а НАТО целосно одбива да ги слуша сите руски предлози за деескалација на тензиите, изјави денеска министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Фото: ЕПА

Говорејќи во Стокхолм, каде што во моментов се одржува состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ, Лавров истакна дека Москва сака да ја подобри „стратегиската стабилност“ на континентот, која, како што рече, „брзо еродира“.

„НАТО одбива да ги разгледа нашите предлози за деескалација на тензиите и спречување опасни инциденти“, рече Лавров, обвинувајќи го блокот предводен од САД дека отфрла конструктивна дискусија. „Напротив, воената инфраструктура на алијансата се приближува до границите на Русија... Кошмарното сценарио на воена конфронтација се враќа“.

Коментарите на Лавров доаѓаат во време на зголемени стравувања поради трупањето војска на руската граница со Украина. Од почетокот на ноември, некои западни медиуми тврдат дека Москва планира „инвазија“ на својот сосед, тврдење што Кремљ го демантираше.

Минатиот месец, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, побара од Русија да биде транспарентна во однос на своите воени активности и го нарече трупањето војска „големо“ и „невообичаено“.

„Мора да бидеме без илузии, треба да бидеме реални за предизвиците со кои се соочуваме“, рече тој. „Знаеме дека Русија и досега беше спремна да ги користи овие типови воени капацитети за да спроведе агресивни дејства против Украина“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе