Русија подготви 16 протоколи против Гугл

Руската радиодифузна агенција подготвила 16 протоколи за американски Гугл, бидејќи не ги отстранил информациите што се забранети во Русија од почетокот на 2021 година, изјави денеска заменик-директорот на руското надзорно тело за медиуми, Вадим Суботин, објави ТАСС.

Фото: ЕПА

„Од почетокот на годината за Гугл се подготвени 16 протоколи за административни прекршоци. Ова е голема цифра. Планираме оваа недела да подготвиме протокол за казни врз основа на прометот. Тоа е последица на овие 16 протоколи. Станува збор за систематско кршење на руските закони“, изјави Суботин за ТАСС.

Казната може да биде од една дваесеттина до една десеттина од годишниот приход на Гугл, наведува руската агенција.

Регулаторот е подготвен да ги казни и Фејсбук и Твитер бидејќи не ја отстраниле забранетата содржина, објави функционерот во средината на септември.

Компанијата Гугл ѝ плати на Русија повеќе од 455.000 долари казни за небришење содржини што Москва ги смета за незаконски, објавија американскиот технолошки гигант и рускиот регулатор по денешните разговори.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе