Русија побара итна седница на Советот за безбедност на ОН

Русија побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации поради саботажата на двата крака на гасоводот Северен тек, соопшти првиот заменик на постојаниот претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански.

EPA-EFE

„Очекуваме седницата да се одржи утре“, напиша Полјански на Телеграм.

Претходно портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова соопшти дека Русија планира да свика официјална седница на Советот за безбедност во ОН во врска со провокациите против гасоводите Северен тек и Северен тек 2.

Компанијата Норд стрим АГ вчера соопшти дека на еден од краците на Северен тек 2 (наполнет со технички гас по изградбата) се случила вонредна ситуација во водите на Данска во близина на островот Борнхолм, проследена со нагло плаќање на притисокот. Потоа беше пријавен намален притисок на двата крака на гасоводот. Компанијата соопшти дека причините не се утврдени.

Министерката за надворешни работи на Шведска Ен Линде кажа дека инцидентите со истекување гас на гасоводите Северен тек и Северен тек 2 се случиле поради експлозии.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе