петок, 26 април 2024
Парламентарни избори 2024

Ванковска: Левичарите не одат по полесниот пат, не сме тројански коњ

Кандидатката за претседател на Македонија, Билјана Ванковска, која не успеа да влезе во вториот круг од изборите, вели дека достоинствено ќе го изодат и патот до парламентарните избори и порачував дека како левичари, не умет да ја играат играта на тројански коњ.

Објавено на

часот

Сподели

Ваковска преку Фејсбук се заблагодари за поддршката на изборите, вели толку многу топли пораки ја заплиснале како да поминала во вториот  изборен круг.

„Сакам уште еднаш да ви заблагодарам за сета позитивна енергија што ми ја дававте со месеци. Мојот впечаток е дека достоинствено изодевме еден пат кој вредеше да се изоди, наспроти сѐ. Нема жалење, нема каење – таков е патот на левичарите. Ние никогаш не одиме по полесниот опортунистички пат, ниту умееме да играме улога на тројански коњ. Главата горе и го чекаме 8 мај“, напиша Ванковска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ