Русија објави каде се нејзините нови граници

Рускиот Совет на Федерацијата на пленарна седница денеска едногласно одобри четири федерални уставни закони за прием на таканаречените народни републики Доњецк и Луганск, како и регионите Запорожје и Херсон, во Русија.

Според законите, жителите на четирите региони од денот кога биле примени во Русија - 30 септември, се признаваат како руски државјани и им е даден рок од еден месец да поднесат барање за откажување од украинското државјанство. Воедно, се прецизира дека стекнувањето државјанство е можно со поднесување барање и полагање заклетва на државјанин на Руската Федерација.

Сенаторите со овации го поздравија усвојувањето на законите. Претседателката на Советот на федерацијата, Валентина Матвјенко, им честиташе на сите жители на Донбас и Херсон и Запорожје, како и на сите Руси, „за овој историски настан“. Таа додаде и дека Советот на Федерацијата со нетрпение ги очекува сенаторите од новите територии.

Федералните уставни закони влегуваат во сила од датумот на влегување во сила на договорот за прием на нови региони во Руската Федерација.

Според документите, ДНР и ЛНР ќе ги задржат своите претходни имиња во Русија, а рускиот ќе биде официјален јазик. Запорожје и Херсон стануваат, како што се наведува, дел од регионот како посебни ентитети и остануваат региони.

Границите на републиките и регионите ќе бидат одредени според нивните граници што „постоеле на денот на нивното формирање и прием во Руската Федерација“.

Се наведува и дека, во согласност со меѓународните договори, границите што допираат странска држава ќе бидат државната граница на Руската Федерација. Се наведува и дека, како што е наведено во уставните закони, ДНР и ЛНР ќе бидат дел од Руската Федерација во границите од 2014 година, утврдени со нивните устави.

Русија во петокот најави анексија на четири украински региони, но Кремљ тогаш рече дека сѐ уште не знаат каде се новите руски граници.

Од законот одобрен од Советот на Руската Федерација, се чини дека Русија за своја територија го смета делот што го контролираше во Херсон и Запорожје на денот на анексијата, а Луганск и Доњецк за своја целосна територија, иако не е целата територија на овие региони под руска контрола.

На картата од насловната слика, тоа е целата светло-портокалова област во Доњецк и Луганск и областа во внатрешноста на црвената линија во Херсон и Запорожје, поблиску до Русија, односно до Крим.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе