Иницијативите доаѓаат повеќе од четири месеци по она што Русија го нарекува „специјална воена операција“, која ги поттикнаа западните земји да воведат бран санкции кон Москва.
Силите на самопрогласените Доњецка и Луганска народна република поддржани од Русија се движат кон регионот Доњецк откако руските сили ја презедоа целосната контрола врз регионот Луганск минатата недела, изјави лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк Денис Пушилин, објави агенцијата ТАСС.
Контролата врз провинциите Доњецк и Луганск, кои заедно го сочинуваат регионот Донбас, е централна цел на Русија во нејзината „специјална воена операција“ во Украина.
Иако Русија минатата недела ги зазеде последните украински упоришта во областа Луганск, Украина сè уште контролира околу 45 отсто од соседната област Доњецк.