„Ги слушнавме провокативните изјави кои ги даде секретарот за печат на американскиот Стејт департмент Нед Прајс на брифингот на 12 април“, соопшти руската амбасада.
„Нед Прајс уште еднаш се истакна со своите бесмислени приказни кои не се поткрепени со ниеден доказ“, се додава во соопштението.
Амбасадата соопшти дека руските оружени сили „немаат и не можат да имаат на располагање никакви хемиски воени агенси бидејќи нивната земја ги елиминира сите залихи на хемиско оружје уште во 2017 година“, пренесува Си-ен-ен.
Russian Embassy in US says comments on possibility of Moscow using chemical weapons are "provocative" https://t.co/LOFU0WVa9B
— Sophie Jeong (@sophieyjeong) April 13, 2022
„Информацијата која ја потврди министерството за одбрана на Русија за подготовка на провокации на украинските радикали со употреба на хемикалии е вознемирувачка. Имаме и прашања за потеклото на овие супстанци“, додаде амбасадата.
Го критикуваа и спомнувањето на воените и стратегиски неуспеси на руската инвазија. Истакнаа дека руските оружени сили „успешно ги завршија задачите кои беа ставени пред нив во Украина“.
Коментарите се одговор на изјавата на Прајс дека „САД се загрижени дека Русија би можела да се обиде да употреби хемиско оружје“, за време на вчерашниот брифинг.
„Русија има репутација. Русија ги користела овие агенси против сопствениот народ“, кажа Прајс.
САД и Британија соопштија вчера дека ги истражуваат извештаите за употреба на хемиско оружје од страна на руските сили во Мариупол.