Министерот за одбрана потсети дека досега против ковид-19 се вакцинирани 2.500 припадници на вооружените сили, а до крајот на годината тој број треба да се зголеми на 80.000.
Русија, чии научници работат на повеќе вакцини против вирусот САРС-КоВ-2, од септември се соочува со нагло ширење на инфекцијата, но властите претпочитаат да се потпрат на насочени мерки во одделни региони отколку да ја затворат целата земја.
Индиската фармацевтска компанија „Хетеро“ годишно ќе произведува повеќе од 100 милиони дози од руската вакцина против ковид-19, наречена Спутник V, според договорот помеѓу Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) и индискиот производител на лекови.
Сибирскиот институт Вектор, кој ја развива другата руска вакцина против ковид-19, Епи-Вак-Корона, соопшти дека имунитетот нема да биде доживотен и дека по првите две инјекции ќе треба да се спроведе дополнителна вакцинација шест до 10 месеци, а потоа на секои три години.
Институтот е подготвен да произведува до пет милиони дози вакцина годишно, изјави Александар Рижиков, раководител на одделот за зоонози и грип.
Во Русија досега се регистрирани вкупно 2.215.533 заболени и 38.558 смртни случаи.