Како одговор на НАТО

Русија кажа дека можеби ќе биде приморана да распореди нуклеарни ракети по Европа

Русија соопшти дека можеби ќе биде приморана да распореди нуклеарни ракети од среден дострел во Европа како одговор на сличните планови на НАТО.

EPA-EFE

Заменик министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави за агенцијата РИА Новости дека Москва ќе мора да го повлече тој потег ако НАТО не соработува на смирување на тензиите.

Неговата изјава дополнително ќе ги зголеми влоговите во спорот меѓу Истокот и Западот во кој Русија бара сигурни гаранции, а САД и нивните сателити ја предупредуваат Москва да не ја напаѓа Украина, обвинувања кои Русија ги отфрла како неосновани.

Нуклеарните ракети од среден дострел (ИНФ) се забранети во Европа уште од договорот од 1987 меѓу советскиот лидер Михаил Горбачов и американскиот претседател Роналд Реган. Вашингтон се повлече од договорот во 2019, обвинувајќи ја Русија дека го крши без да даде докази.

Рјабков кажа дека постојат „индиректни индиции“ дека НАТО планира да распореди ИНФ, откако минатиот викенд ја обнови 56-тата артилериска команда, која за време на Студената војна управуваше со ракетите „першинг“ кои можеа да носат нуклеарни боеви глави.

„Ако нема напредок кон политичко и дипломатско решение на овој проблем, нашиот одговор ќе биде од воена и воено-техничка природа“, предупреди Рјабков.

НАТО тврди дека во Европа нема да има нови американски ракети и дека руските ракети може да се пресретнат со „одмерен“ одговор кој вклучува само конвенционално оружје. Но, Рјабков истакна дека Русија „воопшто не му верува“ на НАТО.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе