Русија ја поместува војската кон Херсон

Русија преместува голем број војници на југот на Украина за да се борат со украинската армија во новоокупираните области на Крим, изјави заменик-шефот на украинската воена разузнавачка служба.

Фото: ЕПА

„Тие го зголемуваат бројот на своите војници, се подготвуваат за нашата контраофанзива и можеби се подготвуваат да почнат сопствена офанзива. Југот е клучен за нив, пред сѐ поради Крим“, рече тој.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги потврди овие извештаи во своето последно обраќање до Украинците, велејќи дека Русија ги преместува војниците од источна кон јужна Украина за да напредува кон регионалната престолнина Херсон, како и кон регионот Запорожје.

„Сега руската армија се обидува да ги зајакне своите позиции во окупираните области на југот на нашата земја, зголемувајќи ја активноста во соодветните области“, рече тој, додавајќи дека „стратегиски, Русија нема шанси да победи во оваа војна“.

Преместувањето на руските трупи доаѓа како одговор на најавената контраофанзива на Украина за ослободување на јужните окупирани региони Херсон и Запорожје. Украинските сили повторно зазедоа десетици села и градови долж границата, според воениот гувернер на регионот, Дмитро Бутриј, и напредуваат кон регионалниот главен град Херсон.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе