Бут, кој е познат како „Трговецот со смрт“, е поранешен советски воен офицер осуден на 25 години затвор во САД за учество во заговор за убивање Американци, набавка и извоз на противвоздушно оружје и пружање материјална поддршка на терористичка организација. Москва пресудата на Бут во 2012 ја нарече „неоснована и пристрасна“, а Бут цело време тврди дека е невин.
Во ноември Грајнер почна да служи деветгодишна казна за поседување масло од канабис. Затворена беше 350 километри од Москва. Спортистката беше уапсена во февруари кога цариници во нејзиниот багаж на московскиот аеродром Шереметјево најдоа шишенца со масло од канабис.
На судењето Грајнер призна дека имала масло од канабис во својот багаж, но кажа дека го спакувала ненамерно во брзањето да го стигне летот и дека немала криминална намера. Нејзината одбрана тврдеше дека канабисот ѝ е препишан за лекување хронична болка.
За пуштањето на американската кошаркарка на Твитер се огласи американскиот претседател Џо Бајден: „Пред малку разговарав со Бритни Грајнер. На безбедно е. Во авион е. Патува дома“.