Русија изврши нова успешна проба на суперсоничен крстаречки проектил „циркон“

Русија изврши успешно тестирање на хиперсоничен крстаречки проектил „циркон“, објави денес руското Министерство за одбрана, додавајќи дека проектилот летал околу 1000 километри, пренесе Ројтерс.

Илустрација: ЕПА

Проектилот е истрелан од Баренцово Море и погоди цел во Белото Море, тврди министерството.

Снимката објавена од министерството го покажува лансирањето на проектилот од брод. Рускиот претседател Владимир Путин претходно го опиша „циркон“ како „дел од новата генерација на вооружените системи какви што нема никој друг“.

Русија минатата година спроведе повеќе тестирање на проектилот „циркон“, кој го истрела од воени бродови и подморници. Минатиот месец го тестираше и новиот интерконтинентален проектил „сармат“ кој може да носи нуклеарни боеви глави, наведе Ројтерс.

Легенда под Главна слика

Илустрација: ЕПА

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе