Русија им забрани влез во земјата на Бајден и Блинкен

Русија соопшти дека им забранила влез во земјата на 963 американски државјани, вклучително и претседателот Џозеф Бајден и државниот секретар Ентони Блинкен.

Фото: ЕПА

Покрај нив, забрана за влез во Русија има и шефот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс.

Во соопштението Министерството за надворешни работи нагласи дека овој чекор е одговор на санкциите што САД постојано ги воведуваат кон Русија и предупреди дека „непријателските дејствија“ ќе продолжат да добиваат „соодветен одговор“, пренесува РИА Новости.

„Русија не бара судир и е отворена за искрен дијалог со взаемно почитување, одвојувајќи го американскиот народ, кој го почитува, од властите на САД, кои ја поттикнуваат русофобијата и оние што им служат“, соопшти Министерството.

Забраната за влез има само симболично значење, но значи постојано влошување на односите меѓу Русија од една страна и САД и нивните сојузници од друга страна од почетокот на нападот врз Украина на 24 февруари, наведува Ројтерс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе