Русија им порача на украинските борци во Северодоњецк да го положат оружјето

Русија им порача на украинските сили опколени во хемиската фабрика во Северодоњецк денеска да го положат оружјето, откако ја зајакнаа својата позиција во битката за контрола на источна Украина, пренесе Ројтерс.

Фото: ЕПА

Украина бара од Западот засилување во форма на тешко оружје, откако Русија испрати голем дел од својата огнена моќ во источната покраина Донбас. Ова барање на Украина секако ќе биде тема на состанокот на министрите за одбрана на НАТО што ќе се одржи во среда во Брисел.

Од Украина велат дека во хемиската фабрика Азот со војниците се заробени и повеќе од 500 цивили, кои со недели се спротивставуваат на руските бомбардирања и напади, како резултат на што голем дел од Северодоњецк веќе е претворен во урнатини.

Борците треба „да престанат со својот непромислен отпор и да го положат оружјето до 8 часот по московско време“, изјави за Интерфакс Михаил Мизинцев, шеф на рускиот Национален центар за управување со одбраната.

На цивилите ќе им биде дозволено да ја напуштат фабриката по хуманитарен коридор, тврди Мизинцев. Бомбардирањето на Азот потсетува на претходната опсада на фабриката за челик Азовстал во јужното пристаниште Мариупол, во која стотици цивили и борци се криеја од руското гранатирање. Тие се предадоа во средината на мај, по што беа одведени во руски притвор.

Гранатирањето на Азот толку зачести што „луѓето повеќе не можат да останат во засолништата, психички се на работ“, рече Серхиј Хејдеј, регионален гувернер на Луганск, една од двете источни покраини што Москва сака да ги припои со помош на сепаратистичките сили.

Нападот на Русија врз Северодоњецк во Луганск - град кој пред војната имаше нешто повеќе од 100.000 жители - моментално е главната цел на битката за Донбас. Киев тврди дека секој ден умираат од 100 до 200 нивни војници, додека стотици се ранети.

Украина сè уште се обидува да ги евакуира цивилите од Северодоњецк, откако руските сили го уништија последниот мост што води до градот Лисичанск, кој е под контрола на Украина. Руските сили го гранатираа и Лисичанск, град кој се наоѓа на рид на западниот брег на реката Сиверски Донец.

Превласта во оваа областа се менуваше неколку пати во текот на изминатите неколку недели, а украинските сили покажуваат малку знаци дека ќе се повлечат. Но, сите мостови кон Северодоњецк сега се уништени, со што украинските сили се во голем ризик да бидат опколени.

„Мораме да бидеме силни... Колку повеќе порази ќе претрпат непријателите, толку помалку сила ќе имаат да продолжат со агресијата“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето доцна синоќа.

Русија не објавува редовни бројки за своите загуби, но западните земји тврдат дека тие се огромни. Претседателот Путин сака да го принуди Киев да се откаже од целосната контрола над двете покраини - Луганск и Доњецк – попознати под заедничкото име Донбас.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе