Русија и Кина го зајакнуваат военото партнерство во Пацификот, Јапонија е загрижена (ВИДЕО)

Руски и кинески воени бродови минатата недела одржаа свои први заеднички патроли во Пацификот „со цел развој на кинеско-руското стратешко партнерство во новата ера", додека Јапонија рече дека внимателно ја следи руско-кинеската воена соработка.

Screenshot

Москва и Пекинг, кои исто така одржаа заеднички поморски вежби претходно во октомври, ја зајакнаа својата воена и дипломатска соработка во последниве години, додека нивните односи со Западот се се полоши.

Поморските маневри, за кои Русија тврди дека траеле една недела, внимателно ги следи Јапонија, која на почетокот на неделава соопшти дека група од десет руски и кинески бродови поминале низ теснецот Цугару што го дели Хокаидо од главниот јапонски остров Хоншу.

Ова го потврдија и од руското Министерство за одбрана. „Група бродови за прв пат поминаа низ теснецот Цугару како дел од патролата“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана. „Задачите на патролата беа да ги покажат руското и кинеското национално знаме, да го одржуваат мирот и стабилноста во азиско-пацифичкиот регион и заштита на субјектите на поморската економија на двете земји“, додаде тој.

Теснецот припаѓа на меѓународните води.

Кинеското министерство во неделата објави дека целта на заедничките вежби е „понатамошно развивање на кинеско-руското стратешко партнерство во новата ера, зајакнување на способностите за заедничко дејствување и заедничко одржување на меѓународната и регионалната стабилност“. Во кинеското соопштение се додава дека операцијата е дел од редовната годишна соработка меѓу двете земји и не е насочена против никоја трета страна.

Јапонските одбранбени претставници во неделата изјавија дека руски и кинески бродови исто така поминале низ теснецот Осуми на југот на земјата во префектурата Кагошима.

Протоците Цугару и Осуми се меѓународни води и низ нив можат да минуваат странски бродови, но јапонското Министерство за одбрана објави дека внимателно го следи движењето на странските бродови, што го оцени како „невообичаено“, објави јапонската телевизија НХК.

Јапонските власти на почетокот на неделата изјавија дека внимателно ги следат кинеско-руските активности во областа во близина на Јапонија. „И понатаму ќе бидеме максимално ангажирани кога станува збор за надзорни активности во водите и воздушниот простор околу Јапонија“, рече заменик-генералниот секретар на кабинетот Јошихико Исозаки. Портпаролот на јапонското Министерство за одбрана изјави дека не станува збор за бродови кои влегуваат во јапонските територијални води и дека со минувањето низ теснецот бродовите не ги прекршиле меѓународните правила.

Русија и Кина одржаа заеднички поморски вежби во Јапонското Море од 14 до 17 октомври како дел од поморската соработка на двете земји. Во вежбите учествуваа воени бродови и бродови за поддршка од Руската пацифичка флота.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе