Путин потпиша

Русија ги заостри законите за парично казнување на демонстрантите и сајтовите

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша денес новиот закон за заострување на паричните казни за прекршоците на демонстрантите и за сајтовите означени како „странски агенти“.

EPA-EFE

Според новиот закон демонстрантите прогласени виновни за повеќекратно непочитување на законот би можеле да бидат казнети со 20.000 рубљи (230 евра) или 30 дена затвор.

Законот претходно предвидувал казна од 5.000 рубљи.

Путин потпиша и закон со кој се предвидува парична казна до 2.500 рубљи за објавување информации на сајтовите означени како „странски агенти“, а кои не го навеле јасно тој статус.

Руската служба за контрола на телекомот соопшти во декември дека на разговор ги повикала претставниците на медиумите означени како „странски агенти“, со цел нивно казнување поради непочитување на строгите обврски кои ги наметнува контроверзниот статус.

Во Русија, според законот од 2012 година, организациите и поединците означени како „странски агенти“ мора да се регистрираат кај властите, да пополнуваат административни обврски и јасно да го назначат својот статус во своите публикации.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе