Русија до Приштина: Не ве признаваме вас, ниту вашите одлуки

Руската амбасада во Србија соопшти дека не ја признава одлуката на косовската влада за тоа двајца руски дипломати да ги прогласи за непожелни личности.

EPA-EFE

Амбасадата истакна дека чекорот на Приштина е провокација.

„На ја признаваме „независноста“ на Косово, а со самото тоа и „владата“ на покраината и другите „структури“. За нас никакви „одлуки“ на Приштина немаат правна сила. Врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН соработуваме со УНМИК во врска со ова прашање“, кажа прес-службата на руската амбасада.

Во амбасадата истакнаа дека се апсолутно неприфатливи обидите дипломатите акредитирани кај УНМИК да се попречуваат да ја вршат својата дејност која е во согласност со меѓународното право.

Претходно денес претседателката на Косово Вјоса Османи кажа дека двајца функционери на косовското претставништво на амбасадата на Руската Федерација во Србија се прогласени за непожелни личности поради, како што кажа, нивните штетни активности „кои ги загрозиле националната безбедност и уставниот поредок на Република Косово“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе