Русија: Целосно го ослободивме Лиман од украинските националисти

Руското министерство за одбрана објави дека Лиман, град во регионот Доњецк, е под „целосна контрола" на руските сили и проруските сепаратисти.

Фото: ЕПА

Се работи за важен железнички центар западно од Северодоњецк. Утринава за Лиман се огласи и британското министерство за одбрана велејќи дека руските сили го зазеле.

„По заедничката акција на милицијата на Народна Република Доњецк и руските вооружени сили, градот Лиман е целосно ослободен од украинските националисти“, се вели во соопштението на руското министерство за одбрана.

Вчера, Украина призна дека Русија го зазеде поголемиот дел од Лиман, но тврдеше дека украинските сили продолжуваат да го блокираат пристапот до Славјанск, град лоциран на околу половина час возење на југозапад.

Лиман е стратешки важен град затоа што овозможува пристап до железнички и патни мостови преку реката Северски Доњец.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе