Велигден 2.0

Романски бискуп го повторил Велигден за оние што го пропуштиле поради пандемијата

Романскиот бискуп Теодосиј ја повторил синоќа велигденската миса за оние кои не можеле да присуствуваат во април поради изолациските мерки воведени поради пандемијата на коронавирусот.

EPA-EFE/BOGDAN CRISTEL

Теодосиј кажа дека мисата ја повторува за православните верници кои пандемијата ги спречила да учествуваат на велигденската миса на 19 април.

Тој ги извел главните делови од обредот и на верниците им делел причест од заедничка лажичка и покрај здравствените предупредувања.

Свечениот обред, кој медиумите го нарекуваат Велигден 2.0, привлекол помал број верници во катедралата во Констанца и уште помалку луѓе во другите цркви во градо на брегот на Црното Море.

Патријархот на Романската православна црква кажа дека Теодосиј делувал автономно и дека велигденските миси се одржале без верници поради здравствениот ризик.

Но, за некакви санкции против постапката на бискупот воопшто не станува збор, а тој е познат по тоа што и претходно ја спроведувал својата волја.

Околу 75 отсто од Романците се православни верници.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/BOGDAN CRISTEL

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе