Ројтерс: Путин не покажува знаци на вознемиреност

Како што се наближува 100 ден од војната, која одбива да ја нарече со вистинското име, рускиот претседател Владимир Путин се обидува да одржи впечаток на нормалност, пишува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Додека неговата војска се пробиваше кон украинскиот град Севернодоњецк оваа недела, Путин зборуваше лежерно на церемонијата во чест на родителите на исклучително големи семејства, која беше емитувана на телевизија.

Од почетокот на војната, тој се состана, главно преку интернет, со наставници, раководители на нафтени и транспортни компании, службеници одговорни за гаснење шумски пожари и водачи на најмалку 12 руски региони, многу од нив оддалечени илјадници километри од Украина.

Покрај неколкуте седници на неговиот Совет за безбедност и низата разговори со лидерите на други земји, тој најде време да им се обрати и на играчите, тренерите и гледачите на Серуската лига за ноќен хокеј.

Вакавата утврдена, речиси досадна рутина е во согласност со наративот на Кремљ дека не води војна, туку само „специјална воена операција“ за да се доведе проблематичниот сосед до послушност.

За човек чија војска тешко потфрли во Украина и ги загуби битките за двата најголеми града, претрпувајќи безброј жртви, не покажува знаци на вознемиреност, пишува Ројтерс.

За разлика од периодот пред инвазијата на 24 февруари, кога тој ги осуди Украина и Западот во горчливи, лути говори, неговата реторика е воздржана. 69-годишникот изгледа смирен, фокусиран и целосно владее со податоците и деталите.

И покрај тоа што го признава влијанието на западните санкции, тој тврди дека руската економија ќе зајакне и ќе стане посамостојна, додека Западот ќе претрпи бумеранг ефект од вртоглавиот пораст на цените на горивото и храната.

Но, додека војната продолжува да беснее и не се гледа крајот, Путин се соочува со се поголем предизвик да одржи привид на нормалност.

Економски, ситуацијата ќе се влоши бидејќи санкциите ќе се заострат и Русија се движи кон рецесија.

Воено, Путиновите сили постепено напредуваат во источна Украина, но САД и нивните сојузници ги зголемуваат испораките со оружје на Киев, вклучувајќи го и овонеделното ветување на САД за напредни ракетни системи.

Доколку стивне руската офанзива, Путин може да биде принуден да објави целосна мобилизација на резервисти за помош на неговата исцрпена армија, велат западните експерти за одбрана.

Зборовите „војна“ и „Украина“ никогаш не беа спомнати за време на 40-минутната видео средба на Путин со исклучително големите семејства.

Облечени во нивните најдобри фустани и костуми, семејствата вкочането седеа на масите полни со цвеќиња и храна додека Путин ги повика да се претстават. Истиот ден, осум празни училишни автобуси застанале на главниот плоштад во Лавов во западна Украина за да служат како потсетник на 243 украински деца убиени од почетокот на инвазијата на Путин.

Најблиску до признавањето на војната било во неколку референци за маките на децата во Донбас и тамошната „вонредна ситуација“.

Русија имаше многу проблеми, но тоа секогаш е така, рече тој при завршувањето на онлајн средбата. „Тука всушност ништо необично не се случува“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе