Ретки снимки: Америка на Гуам испрати едно од своите најмоќни оружја (ФОТО)

Во пристаништето на Гуам за време на викендот пристигна едно од најмоќните оружја во арсеналот на американската воена морнарица. Аналитичарите наведуваат дека Вашингтон со тоа, среде растечките тензии во Индо-Пацифичкиот регион, им испраќа порака на сојузниците и непријателите.

Твитер

УСС Невада, подморница на нуклеарен погон од класата Охајо која носи 20 балистички проектили „трајдент“ и десетици нуклеарни боеви глави, пристигнала во саботата на територијата на американскиот пацифички остров. Тоа е прво доаѓање на подморница со балистички проектили на Гуам од 2016 и само второ најавено пристигнување од 1980-тите.

„Ова пристигнување ја јакне соработката меѓу Соединетите Американски Држави и сојузниците во регионот, покажувајќи ја американската способност, флексибилност, спремност и постојана посветеност на Индо-Пацифичката регионална безбедност и стабилност“, се наведува во соопштението на американската воена морнарица.

Позициите на таквите подморници обично се строго чувани тајни. Погонот на нуклеарна енергија значи дека овие подморница можат со месеци да функционираат под вода – единственото нешто што ги ограничува се залихите потребни за екипажот, пишува Си-ен-ен.

Морнарицата наведува дека подморниците од класата Охајо на море се наоѓаат во просек 77 дена, а потоа влегуваат во пристаниште за одржување и надополнување на залихите. Ретко може да се фотографираат надвор од нивните матични пристаништа во Вашингтон  и Џорџија. Аналитичарите затоа сметаат дека со овој потег САД им испраќаат порака на Кина и Северна Кореја.

„Американската морнарица свесно или несвесно испрати порака – можеме да донесеме 100-тина нуклеарни боеви глави до вашиот праг, а вие тоа нема ни да го знаете ниту ќе можете да направите нешто околу тоа. Со тоа што другата страна не го може тоа“, кажа Томас Шугарт, поранешен капетан на подморница на американската морнарица, а сега аналитичар на Центарот за американска безбедност.

Севернокорејската програма за балистички подморници е во развој, а кинеската флота од шест подморници со балистички проектили е помала и послаба од американската. Кинеските подморници со балистички проектили од типот 094 се двојно побучни од американските подморници и полесни за откривање. Тие носат помалку проектили и боеви глави.

Легенда под Главна слика

Твитер

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе