Ретка снимка од незадоволни мобилизирани Руси: „Платете нѐ“ (ВИДЕО)

Група Руси од регионот Омск во југозападна Русија јавно ги повикаа властите да им платат на оние кои се мобилизирани. Скај њуз наведува дека ова е ретко видео кое го покажува незадоволството на мобилизираните Руси.

Фото: скриншот

Во видеото објавено од порталот СОТА, група мобилизирани мажи велат дека ги оставиле своите семејства дома за да се приклучат на Путиновата мобилизација, која беше најавена минатиот месец.

Маж во воена униформа на видеото вели: „Имаме прашање. Прво - ќе има ли плати за оние што се мобилизирани? Зборувам за материјална помош што им е потребна на нашите семејства, тие мора да јадат. Нас можат да нѐ испратат одовде и не знаеме што ќе се случи со нас. Тоа е нашето прво прашање бидејќи знаеме дека во други региони ги плаќаат мобилизирани и сѐ е стабилно“.

„Се разбира, се надеваме на најдоброто и подготвени сме да одиме. Тука сме, поддржувајте нѐ нас и нашите семејства“, вели мобилизираниот Русин.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе