На процесот за отповикување на Трамп

Републиканците под притисок да дозволат сведочење на Болтон (ВИДЕО)

Републиканците во Сенатот се под притисок да дозволат сведочење на Џон Болтон бидејќи се појави нов доказ во процесот за отповикување на американскиот претседател кој треба да прикаже поинаква верзија од онаа која упорно инсистира Доналд Трамп.

Републиканскиот сенатор Мит Ромни, понекогаш критичен кон Трамп, кажа дека шансите се сѐ поголеми четворица сенатори од нивната партија да гласат за тоа на Болтон, поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, да му се дозволи да сведочи.

Ако таквото сценарио се оствари, опозициските демократи, малцински во Сенатот, би го добиле потребниот број гласови за да го повикаат Болтон на сведочење.

Републиканците досега одбиваа сослушување сведоци или воведување нови докази обидувајќи се да го заштитат претседателот Трамп против кого во Сенатот се води процес за отповикување.

Њујорк тајмс објави делови од книгата на Болтон во која тврди дека Трамп во август му кажал дека сака да ја блокира исплатата на 391 милиони долари воена помош на Украина.

Отповикувањето на Трамп се води по обвиненијата дека ја сопрел воената помош за да го притисне украинскиот претседател Володимир Зеленски да отвори истрага за Џо Бајден и неговиот син Хантер кој беше член на одборот на една од најголемите енергетски компании во Украина.

Трамп го обвинува Бајден, поранешниот американски потпретседател, дека ја искористил својата позиција за да му помогне на својот син во работењето. Бајден е најверојатниот кандидат на демократите во трката со Трамп на претседателските избори на 3 ноември.

Болтоновото сведочење би можело да го поткопа главниот аргумент на одбраната на Трамп, дека немало размена „услуга за услуга“ – финансиска помош за истрага.

Но, Трамп денес повторно ја кажа својата верзија кажувајќи им на новинарите по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху: „Не сум го видел ракописот, но можам да ви кажам дека никогаш ништо не му било кажано на Џон Болтон“, кажа тој.

Болтон во септември ја напушти должноста, а објаснувањата за заминувањето се контрадикторни, па така Трамп тврди дека го отпуштил, а Болтон дека самиот заминал.

„Мислам дека е сѐ поверојатно дека други републиканци ќе ни се придружат нам кои мислиме дека треба да го сослушаме Џон Болтон“, кажа Ромни.

За отповикување на претседателот се потребни гласовите на две ретини на сенаторите, поради што е многу мала веројатноста дека отповикувањето ќе се случи.

Ројтерс ги спомнува имињата на сенаторките Сузан Колинс и сенаторот Линдзи Греам кои покрај Ромни би гласале за сведочењето на Болтон.

Претставничкиот дом, во кој мнозинството го држат демократите, гласаше за отповикување минатиот месец, но потребна е потврда од двата дома на американскиот Конгрес.

Во процесот за отповикување во Сенатот опозициските демократи три дена ги изнесуваа своите воведни аргументи, а во саботата својата одбрана почнаа да ја изнесуваат адвокатите на Трамп, и продолжија денес попладне по локално време.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе