Рено ја напушти Русија, сега е во загуба

Групата Рено забележа нето-загуба во првата половина од годината, што се должи на напуштањето на деловните операции во Русија по инвазијата на Кремљ на Украина.

Фото: ЕПА

Загубата на францускиот производител на автомобили изнесува 1,36 милијарди евра, наспроти 354 милиони евра добивка во истиот период минатата година.

Групацијата, пак, забележа полугодишна нето-загуба од 1,66 милијарди евра, вклучително и 2,3 милијарди евра загуба од прекинатите операции поради безготовинско приспособување поврзано со продажбата на руските индустриски активности. Но тие се надеваат дека работењето ќе се промени.

„Откако дебело ја компензираше загубата на своите активности во Русија и ја продолжи својата брза трансформација, групацијата Рено ја подобрува својата финансиска перспектива за цела 2022 година“, рече извршниот директор Лука де Мео. „Целата наша енергија е мобилизирана за да ја трансформираме групацијата Рено во конкурентен, технолошки и одржлив играч“, додаде тој.

Групацијата во истиот шестмесечен период лани остварила нето-добивка од 368 милиони евра. Сепак, нето-добивката на групацијата од континуираното работење се зголемила на 657 милиони евра, наспроти 199 милиони евра во истиот период минатата година.

Приходите на групацијата се зголемија за 0,3 отсто на 21,1 милијарди евра во првата половина од годината, но глобалната продажба падна за 11,9 отсто во текот на периодот. Ако се исклучи влијанието на валутните промени, приходите се зголемени за 1,1 отсто.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе