Државниот секретар на Трамп

Рекс Тилерсон: САД никогаш нема да бидат пријатели со Русија (ВИДЕО)

Кандидатот за државен секретар на САД Рекс Тилерсон денес изјави дека се надева дека САД и Русија ќе ги подобрат односите, но и оцени дека тие најверојатно никогаш нема да бидат пријателски земји.

„Русија денес претставува опасност, но не е непредвидлива во унапредувањето на своите интереси“, изјави Тилерсон на сослушувањето во Сенатот, кој треба да ја потврди неговата номинација за нов шеф на американската дипломатија.

На сослушувањето во фокусот се Тилерсоновите врски со Русија и рускиот претседател Владимир Путин со кој изгради однос како директор на нафтениот гигант Ексон мобајл.

Тилерсон кажа дека наместо неефикасните санкции кон Русија поради припојувањето на Крим, би испратил поцврста порака со повик до Киев да ја испрати сета своја војска на границата со Русија.

„Тоа е типот на одговор кој Русија го очекува“, кажа Тилерсон и додаде: „Ако Русија употребува сила, тогаш треба да се одговори со сразмерно демонстрирање сила“.

Тилерсон кажа дека Русија „земала територија која не е нејзина“, признавајќи дека бил изненаден од потегот. Тој кажа дека со новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп сѐ уште не разговарал за Русија.

„Веројатно никогаш нема да бидеме пријатели“, кажа Тилерсон истакнувајќи дека двете земји немаат исто вредности, но додаде дека Москва смета дека заслужува важно место во решавањето на светските прашања, па САД можат да работат со Русија како „ривал“, а не како со „непријател“.

„Тие веруваат дека заслужуваат правична улога во светскиот поредок затоа што се нуклеарна сила. Русија е тука, Русија е важна и Русија е сила со која треба да се работи“, ја објасни тој својата позиција кон Москва.

На прашањето на републиканскиот сенатор Марко Рубио дали рускиот претседател Владимир Путин би го означил како „воен злосторник“, Тилерсон кажа дека не би го користел тој термин, по што Рубио кажа дека Путин и Русија се одговорни за бомбардирање цивили и предизвикување масовни жртви во сириската граѓанска војна.

„Тоа се многу, многу сериозни обвинувања и сакам да имам повеќе информации пред донесување таков заклучок“, кажа Тилерсон.

Изразено ниската вредност на вложување во науката и истражувањата во Македонија е јасен знак за отсуство на грижа на државата за овие суштински дејности. 

повеќе

Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

повеќе

Политичарите изразуваат „загриженост“ за аерозагадувањето на начин што нѐ оддалечува од наоѓањето решенија, наместо да не доближува.

повеќе