Европската служба, која располага со само споредбени вредности за периодот од 1991 до 2020 година, објави дека во октомври годинава се забележани рекордни дневни температури на повеќе локации во Западна Европа - во Австрија, Швајцарија и Франција, како и во многу области на Италија и Шпанија.
Единствените области на европскиот континент каде што годинава октомври беше постудено од просекот беа некои од грчките острови и Исланд.
Додека во некои делови на Балканот и во Грција температурите беа речиси на просечно ниво, во други делови од Западна Европа беа над просечните вредности.
На глобално ниво, октомври 2022 година беше за 0,41 Целзиусови степени потопол од просекот од 1991 до 2020 година и само за околу 0,04 степени Целзиусови постуден од октомври 2019 година, кој беше најтоплиот месец октомври во историјата.