Во еден ден

Рекордни 123 нови случаи на зараза во Словенија

Во последните 24 часа во Словенија биле тестирани 3.123 граѓани, а 123 биле позитивни на ковид-19, што претставува рекорден број на заразени лица за еден ден во таа земја.

Нема смртни случаи, но бројот на активни случаи се искачи на 975, објави агенцијата СТА.

Според официјалните податоци, хоспитализирани се 12 пациенти, така што во болниците има 61 пациент.

11 лица се лекуваат на интензивна нега.

Во Словенија беа заразени вкупно 3.945 лица, а 135 починаа.

Последната смрт поврзана со коронавирус е регистрирана пред две недели.

Во петокот, СЗО пријави најголем број на новозаразени за еден ден во светот, 53.873 случаи.

Денеска организацијата предупреди дека Европа е на раскрсница во борбата против коронавирусот поради зголемувањето на бројот на заразени, почетокот на учебната година и доаѓањето на есента.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе