Од коронавирусот

Рекорден број починати во Русија петти ден по ред

Русија петти ден по ред бележи рекорден број смртни случаи предизвикани од коронавирусот, со 697 жртви.

Фото: ЕПА

Во петокот бројот на починатите беше 679.

Руското државно тело за борба против коронавирусот објави дека се регистрирани 24.439 нови случаи на зараза, најмногу за еден ден од јануари, и за 1.200 повеќе отколку во петокот. Скоро половина од новозаразените се од московскиот регион и Санкт Петербург.

Кремљ соопшти дека не размислува за нов карантин.

Русија само еднаш воведе карантин на целата територија, во текот на шест недели минатата пролет, а оттогаш владата одбива да нареди повторно затворање на компаниите.

Од почетокот на пандемијата, Русија има 5,6 милиони случаи на зараза и над 137.000 мртви.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе