Рејтингот на Путин сѐ уште е над 80 отсто

Рејтингот на рускиот претседател Владимир Путин незначително се намали за 0,3 процентни поени на 80,73 отсто во текот на изминатата недела, покажа денеска објавеното истражување на Серускиот центар за истражување на јавното мислење (ВТсИОМ).

Фото: ЕПА

На прашањето дали му веруваат на Путин, 80,7 отсто од испитаниците одговориле потврдно, што е за 0,3 отсто помалку од минатата недела, пренесе ТАСС.

Истовремено, 77,8 отсто од испитаниците се изјасниле дека ги одобруваат активностите на претседателот, што е пад од 0,2 процентни поени, соопшти ВТсИОМ.

Работата на руската влада ја одобруваат 51,3 отсто од испитаниците, што е помалку за 2,0 процентни поени, додека 51,2 отсто ја одобруваат работата на рускиот премиер Михаил Мишустин, што е намалување за 1,0 процентни поени.

Истражувањето е спроведено на примерок од 1.600 полнолетни граѓани од 27 јуни до 3 јули.

Со оглед на острата репресија на руските власти против антивоените гласови, вклучувајќи го и новиот закон со кој се казнува ширењето „лажни вести“ за војската, како и притворањето илјадници демонстранти, многумина од испитаниците можеби го кријат своето вистинско мислење, вели Москва тајмс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе