Речиси 10 милиони луѓе низ светот ја примија првата доза на вакцината

До 1 јануари 2021 година вкупно 9,95 милиони луѓе во светот ја примиле првата доза на вакцината против коронавирусот, претежно во Кина. Со бројки може да се пофалат и САД, Велика Британија и Израел. Бидејќи ова е само една доза, не може да се каже дека луѓето што ја примиле биле вакцинирани против коронавирусот затоа што за вакцинација се потребни две дози.

Фото: ЕПА

Кинеското население до 31 декември примило вкупно 4,5 милиони дози, по што следуваат САД со 2,79 милиони дози до 30 декември.

По нив се Велика Британија и Израел со по еден милион дози. Меѓу првите десет земји спаѓаат Германија (165.575 дози заклучно со 31 декември), Канада (108.253), Бахреин (59.351), Русија (52.000 до 22 декември), Полска (47.600 до 31 декември) и Италија (45.677).

Заклучно со 31 декември, 32.013 дози биле примени во Аргентина, 29.483 во Данска и 1.767 во Финска.

До 30 декември 24.998 лица примиле една доза вакцина во Мексико, 7.864 во Хрватска, 6.000 во Австрија, 1.763 во Грција и 138 во Франција. Португалија дала 16.701 доза до 29 декември, Кувајт 2.500 до 28 декември, а Чиле до 27 декември 8.648 дози. Исто така, Романија дала 11.656 дози.

Бидејќи ова е само една доза, не може да се каже дека луѓето што ја примиле се вакцинирани против коронавирусот затоа што за вакцинација се потребни две дози.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе