Реакција на Лавров: Без преседан, НАТО го сака Балканот за себе

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека е без преседан одлуката на неговиот авион да му се забрани прелетување поради што ја откажа посетата на Србија.

EPA-EFE

Лавров на вонредна прес-конференција свикана наместо да отпатува за Белград кажа дека станува збор за политика на двојни аршини. „Тие ќе ни кажа дека тоа им го кажале ЕУ и НАТО, а НАТО и ЕУ дека тие земји сами одлучуваат“, кажа Лавров.

„Да ви е јасно, нашите односи со Србија никој, повторувам никој, нема да ги уништи“, кажа шефот на руската дипломатија.

„Се случи нешто незамисливо. Ова е вознемирувачка акција. Се случи одземање на суверенитетот на суверена држава. Тоа е демонстрација колку далеку НАТО и ЕУ можат да одат во користењето најгруби средства и влијание против оние кои се водат според националните интереси и не е спремен да го жртвува своето достоинство за овие правила кои Западот ги наметнува. Посетата на министер на Русија се доживува како закана од големи размери“, кажа тој.

„Со оваа постапка Западот јасно ѝ става до знаење на Русија дека ќе продолжи да врши притисок врз Москва, не воздржувајќи се од ништо“, кажа Лавров и додаде дека цинизмот на Западот не го зачудува и јасно дава до знаење дека нема дно на своето однесување. „Слично лицемерие видовме и претходно вклучувајќи го и времето на бомбардирањето на Југославија“.

Кажа дека причините за одложувањето на посетата на Белград се анализирале по медиумите и во Србија и во регионот, односно во Хрватска, а еден став е дека „Лавров е персона нон грата и требало да го претрка (германскиот канцелар ОЛаф) Шолц кој исто така доаѓа во Белград. Тоа го оставам на совеста на тие аналитичари бидејќи е понижувачко“.

Според него, разговорите во Србија требало да имаат широк спектар, а требало да се зборува и за Косово и БиХ. „Бриселските газди не сакаа да ѝ дадат на Русија платформа во Белград за Москва да го изрази својот став за низа регионални прашања, за во главниот град на Србија да разговараме за состојбата на Косово и БиХ. Очигледно не сакале да му пружиме поддршка на Белград и неговата инцијатива за отворен Балкан, која треба да ги подобри односите во регионот. Сега е јасно дека НАТО и Брисел го сакаат Балканот за себе, сакаат затворен Балкан“, кажа Лавров.

„Оваа политика е фокусирана на антируска насока. Го цениме храбриот став кој го зазема Србија и лично претседателот (Александар) Вучиќ кој истакнува дека нема да се занимава со антируски дејства“, кажа Лавров.

Каква безбедност зајакнаа Црна Гора и Македонија, праша Лавров, кажувајќи дека му е жал за тие пријателски народи. Истовремено порача дека Русија нема да презема ништо што дополнително ги отежнува врските меѓу народите „Со тоа се бават на Западот“, истакна рускиот министер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе