СНИМЕНИ СО ДРОН

Разорувачките последици од двата вчерашни земјотреси во Италија (ВИДЕО)

Оваа снимка од беспилотно летало го покажува степенот на уништување предизвикано од двата земјотреси што го потресоа Борго Сант Антонио, во близина на Висо, во кој беа уништени згради.

Централниот дел на Италија вчера беше погоден двапати едноподруго, во 19:11 по локално време со јачина од 5,4 степени, а по два часа, околу 21:18, и од втор земјотрес, со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала. Се тресеа згради, некои делови дури и пропаѓаа во земја, а жителите избегаа на улица. Неколку десетици лица беа третирани од лесни повреди, додека за четиримина се вели дека биле сериозно повредени.

Објавено

Четврток, Октомври 27, 2016 - 15:35

Коментари

Поимањето на несомнената поддршка на ЕУ е најкомплицирано од перспектива на Република Македонија.

повеќе

Спортскиот амбасадор Лазаров покажа слаб дипломатски имунитет кон политиканството.

повеќе