Расте продажбата на Сатански стихови по нападот на Ружди

Нападот со нож врз Салман Ружди во САД предизвика јавен интерес за неговите дела, особено неговиот роман Сатански стихови, објавен во 1988 година, за кој доби смртна закана пред триесет години. Продажбата на тој роман денес е зголемена.

Фото: ЕПА

Поради таа книга, Иран издаде фатва против него во 1989 година.

Од саботата попладне, три изданија на делото беа на врвот на листата на најпродавани книги на Амазон, кој ги следи книгите чија продажба најмногу се зголемила во изминатите 24 часа. На четврто место е првиот бестселер на писателот, Децата на полноќта.

Нападот, кој ја згрози светската јавност и наиде на осуда, се случи во петокот во мало гратче во американската сојузна држава Њујорк.

Неколку негови наслови веднаш беа продадени во познатата њујоршка книжарница Странд, не вклучувајќи ја и онлајн продажбата.

На Твитер корисниците повикаа на купување на делата на Ружди во знак на солидарност со него.

Сатаниски стихови раскажуваат за авантурите на двајца Индијци, чиј авион е цел на терористички напад и тие ќе се најдат на плажа во Англија. Првиот прима форма на архангел, а вториот на сатана.

Салман Ружди беше прободен со нож во вратот и стомакот и беше примен во болница во Пенсилванија во тешка состојба.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе