На сегашниот претседател на Албанија Илир Мета мандатот му завршува во април годинава.
Рама кажа дека кандидатот може да биде маж или жена, дури и надвор од територијата на Албанија. Тој наведе дека дијалогот за ова прашање е отежнат поради кризата во опозициската Демократска партија на Албанија.
„Претседателот пред сè мора да го избере оваа пратеничка група. Компликацијата со создавањето две Демократски партии ни отежнува да ја најдеме адресата на која ќе бараме дијалог со парламентарната опозиција. Во меѓувреме мора да размислиме како да се консултираме со граѓаните за оваа одлука“, кажа Рама.
Тој додаде дека сите тие имаат голема граѓанска, политичка и уставна одговорност на Албанците да им обезбедат „нормален човек на челото на државата“.
„Би ги замолил сите да размислуваат во таа насока и да ми се обратат сите кои имаат идеја како да се организираме“, заклучи Рама.