Рама: Врз Србија не треба да се врши понатамошен притисок за санкциите

Албанскиот премиер Еди Рама смета дека на Србија не треба да се врши понатамошен притисок во врска со санкциите против Русија и истовремено изрази загриженост поради сè поголемото влијание на Москва врз Западниот Балкан.

EPA-EFE

„Врз Србија, во врска со санкциите против Русија, не би требало да се врши понатамошен притисок, бидејќи таа земја без поддршката од Москва не може да преживее. Покрај тоа не смее да се заборави дека Белград веќе три пати гласаше во ОН против Русија, што е големо изненадување. Тоа покажува дека постои силна волја за интеграција во ЕУ“, кажа Рама во интервју за виенски Пресе.

Истакна дека мора да се направи сè за потенцијалните закани да се држат подалеку од Балканот.

Тоа, според Рама, важи пред сè за Србија, Црна Гора, Македонија и Република Српска, каде „Кремљ има силно влијание“.

Во врска со пристапните преговори на Албанија со ЕУ оцени дека тоа нема да биде едноставен пат.

Австрија ја окарактеризира, поради историските врски, како идеален градител на мостови за Западниот Балкан.

Зборувајќи за поставувањето на база на НАТО во Драч, објасни дека таа е поврзана со изградбата на модерно и комерцијално пристаниште надвор од градот.

„Соработуваме тесно со НАТО за да ја поставиме таа база. Таа база на влезот во Јадранот е важна за Албанија, а битна е и за безбедноста на целиот регион. Засега сме на почетокот на проектот“, укажа Рама.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе