Албанскиот премиер

Рама побара признавање на Косово од ОН и Србија

Премиерот на Албанија Еди Рама ги повика членките на Обединетите нации да ја признаат независноста на Косово, порачувајќи дека и Србија би требало да го направи истото.

EPA-EFE

Тој го нарече Специјалниот суд за Косово со седиште во Хаг, формиран врз основа на извештајот на Дик Марти, монументално промашување на меѓународно ниво, пренесува Коха.

Во својот говор на 77-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации Рама извештајот на Дик Марти го нарече еден од најлошите случаи на искривена реалност на светско ниво.

„Собранието на Советот на Европа во 2011 го одобри извештајот кој го состави вредниот пратеник на Европскиот парламент Дик Марти, обвинувајќи ја УЧК за гнасното злосторство трговија со органи. Господинот Марти требаше да биде платен како раскажувач на приказни, но никогаш не требаше да му се верува како известувач за Советот на Европа. Неговиот извештај беше шокантен. И вие, многумина, тогаш му поверувавте. Тоа се претвори во клучен фактор за поттикнување на идејата и формирањето на Специјализираните совети на Судот за Косово. Тоа стана еден од најлошите случаи на искривена реалност, своевиден манифест за светската пропаганда против независноста на Косово. Во текот на овие долги 11 години вложени се сите истражни напори за да се докажат овие обвинувања на национално, регионално и меѓународно ниво. Но залудно, никаде, ни на Косово или каде било на друго место, не беше најдено ништо, ниту еден доказ или индиција која би имала врска со сомнеж или наводна трговија со органи“, кажа Рама.

Тој кажа и дека Хашим Тачи се наоѓа во затвор без обвинение кое има врска со извештајот на Советот на Европа.

„Обидете се да замислите на момент: вашиот претседател или премиер или лидерот на вашата земја кого од канцеларијата го водат во трета земја каде што е затворен цела година без официјално обвинение од страна на организацијата создадена и спонзорирана од демократски земји. Ниеден збор од обвинението кое следеше нема врска со извештајот на Советот на Европа за наводното злосторство трговија со органи. Тоа е фантазија. Ова е монументален неуспех на меѓународно ниво. Тоа нема врска со лице или судска постапка. Тоа има врска со непримерно валкање на една земја и нејзината историја“, кажа Рама.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе