Рама: Ако Балканот не може во ЕУ, може ЕУ на Балканот

Ако Западниот Балкан не може да дојде во Европската Унија, Можеби ЕУ може да дојде на Западниот Балкан, напиша премиерот на Албанија Еди Рама во авторски текст за бриселски Политико.

EPA-EFE

Како што оцени, постојат конкретни чекори кои може да се преземат веднаш, ЕУ може да воспостави механизми на соработка кои ефикасно ќе воспостават некои од двонасочните предности на членството, а да не предизвикаат огорчување кај оние кои се противат на нашето пристапување. Во таа цел, истакна Рама, ЕУ може економски да го поддржи регионот преку својот Економски и инвестициски план за Западниот Балкан, за кој веќе се сработени неколку проекти.

Додаде дека мора да се направи многу повеќе, особено за да се обезбеди регионот целосно да учествува во дигиталната и зелена транзиција на ЕУ.

„Овие транзиции се битни за целосно учество во европските економии или ризикуваме да бидеме изоставени“, наведе Рама.

ЕУ, според него, може да ни помогне и да ги задржиме нашите најбистри умови со заеднички програми за високото образование и интеграција во образовниот систем на ЕУ, за младите луѓе да можат да најдат подобри можности дома, истакна тој.

„Земјите од Западниот Балкан би можеле да бидат вклучени и во плановите на ЕУ за вонредни ситуации, бидејќи заедно се соочуваме со потенцијално разорна енергетска криза која би можела да ги поништи годините напредок во регионот, мораме да обезбедиме нашите граѓани да не останат загрозени“, напиша Рама.

„Конечно, ЕУ може да преземе практични чекори, за побрзо да ги имплементираме четирите слободи на ЕУ, слободното движење на стоката и капиталот, услугите и луѓето, во нашите три земји Албанија, Македонија и Србија“, наведе албанскиот премиер. „Тоа е нешто што сите земји од Западниот Балкан ќе мора да го направат ако сакаме да се придружиме на единствениот пазар, а Светската банка кажа дека тоа би можело да додаде до 10 отсто БДП на секоја од нашите земји“, истакна тој.

Додаде дека трите земји овој проект го нарекуваат иницијатива Отворен Балкан и дека тоа е нешто што го почнале имајќи ги духот и принципите на Берлинскиот процес.

„Се надеваме дека ќе го почнеме слободното движење ма стоките во јануари 2022 година и ќе ги отвориме нашите граници до јануари 2023“, додаде Рама.

Се подразбира дека Отворен Балкан е отворен за сите земји од Западниот Балкан кои ќе решат да се приклучат, истакна тој. „Сакаме резултати, да ги извршиме реформите и нашите луѓе да ги добијат придобивките“, додаде.

„Како нации од Западниот Балкан, мораме да гледаме во својата иднина, не иднина која никогаш не се остварува, туку иднина која можеме да ја контролираме“, заклучи албанскиот премиер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе