Ракетен напад во Ирак врз воена база со американски војници

Ракета истрелана од системот Катјуша денеска погоди ирачка воена база во која се сместени американски војници на меѓународниот аеродром во Багдад.

Фото: ЕПА

Во тој напад, трет во последните три дена, по годишнината од нападот со американско беспилотно летало во кој пред две години во Багдад беше убиен високиот ирански генерал Касим Сулејмани, немаше жртви или материјална штета.

Во соопштението на ирачката војска се вели дека ракетниот фрлач со кој е извршен нападот се наоѓа во станбена област во западниот дел на Багдад, во област што некогаш за ракетирање на аеродромот ја користеле милициите поддржани од Иран.

Во понеделникот беа соборени две оружени беспилотни летала, а вчера беа уништени и два дрона наполнети со експлозив, чија цел била ирачката воена база во која се наоѓаат американски војници во западната провинција Анбар.

Во нападот со американско беспилотно летало на аеродромот во Багдад во 2020 година беа убиени командантот на Кудс, иранските елитни сили, генералот Касим Сулејмани, и Абу Махди ал-Мухандис, заменик-командант на ирачките милиции што ги поддржува Техеран, познати како Сили за народна мобилизација.

Проиранските шиитски фракции во Ирак ветија одмазда за убиствата и рекоа дека ќе престанат со нападите кога ќе заврши американското присуство во Ирак.

Коалицијата предводена од САД минатиот месец и официјално ја заврши својата мисија за воена поддршка на ирачките сили во борбата против Исламска држава. Сепак, околу 2.500 војници ќе останат во Ирак како воена советодавна мисија, која ќе продолжи да им помага на ирачките сили.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе